Дешамп: Дали судијата беше достоен да суди полуфинале?

348

Шпанија е првиот финалист на Светското првенство откако ја победи Франција со 2:0 во полуфиналето во Далас. Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, го коментираше натпреварот.

„Играчите се скршени, но мора да бидеме реални, технички бевме инфериорни. Наша е вината. Но, јас ќе го поставам прашањето: дали судијата беше на ниво на судење за полуфиналето? Нема самиот да одговорам на тоа прашање. Имаше многу контроверзни ситуации… Но, примарната причина е што едноставно бевме под просекот, со некои технички грешки и погрешни додавања што можеа да доведат до можности“, рече Дешан и додаде:

„Ова е највисокото ниво, дури и ако боли. Ќе играме натпревар за третото место. Не сакам да отфрлам сè што е направено, но во овој натпревар Шпанија покажа нешто повеќе.“

Тој ја пофали играта на Шпанија.

„Не размислувам за себе, се подготвував за натпреварот со играчите и целта беше да направам сè за да одиме до крај. Не успеавме, разочарувањето е големо, но не ги одземам сите добри работи што ги направивме. Мислам дека се опоравивме многу добро… Не им одземам ништо на шпанскиот тим кој ја контролираше играта.

Ни недостасуваше техничка прецизност и енергија. Шпанците се многу добри во разбивањето на нападите со исчекување и додавање. Би сакале да им создадеме повеќе проблеми во нападот“, објасни Дешамп и заклучи за судијата Иван Бартон:

„Судијата? Ако кажам нешто, ќе звучам како плачко затоа што загубивме. Но, ве прашувам дали судијата е достоен за задачата да суди полуфинале. Имаше таа ситуација со пенал, но не е само тоа, доаѓа покрај сè друго“.

ПретходноФранцузите тврдат дека Јамал играл со рака пред пеналот!
СледноСелекторот на Шпанија: Франција се соочи со најдобриот тим во светот