Холандскиот одбојкарски шампион Орион Старс ќе биде противник на македонскиот одбојкарки шампион УГД Штип во првото квалификациско коло од ЦЕВ Лигата на шампионите.
Во својата историска сезона, штипјани ја освоија двојната круна и за првпат во историјата на градот ќе играат во најквалитетното европско клупско натпреварување. Денешната ждрепка во Луксембург сакаше штипјани да го добијат за ривал холандксиот првак Орион Старс, кој сигурно беше еден од најнепосакуваните ривали.
Сепак, момците на Кристиан Ристески ќе имаат голема мотивација на двете средби да покажат врвен квалитет. УГД Штип на првиот меч ќе биде гостин (20-22 октомври), додека реваншот ќе го одигра на домашен терен (27-29 октомври).











