Шкендија обезбеди пласман во второто коло од Конференциската лига на УЕФА, откако повторно ја победи Европа од Гибралтар, овој пат со минимални 1:0 во Скопје. Единствениот гол го постигна Ване Крстевски во 86-тата минута.
По натпреварот, тренерот Артим Положани ги сподели своите размислувања за натпреварот и следниот предизвик, словенечки Браво.
„Очекувањата беа да победиме со уште еден повисок резултат, но во однос на пристапот, не можам да кажам дека немаше ниво. Она што ме загрижува од овој натпревар беа нашите акции во нападот кои беа крајно несмасни. Тоа значи дека во моментот кога имавме простор да извадиме играчи со топка, тие вертикални напади што ги имавме на првиот натпревар во Гибралтар, недостасуваа во овој натпревар. Во текот на оваа недела, дефинитивно мора да ги избегнеме овие проблеми. Следниот ривал е противник кој игра физички фудбал и постојано игра со транзиции. Мислам дека нивото сега се зголемува и дефинитивно треба да ја подобриме нашата игра за да имаме позитивен резултат. Мислам дека имаме потенцијал да се справиме со Браво“, истакна Положани.










