МЗТ Скопје во ФИБА Европскиот куп стартува од Солун

111

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје А. веќе го дозна и првиот ривал во рамките на новата сезона од ФИБА Европскиот куп. Откако ги доби ривалите во групата, шампионот стана јасно дека премиерата во ова европско натпреварување под капата на ФИБА ќе го има на гостински терен и тоа во Солун.

На 7 октмври, „штрковите“ ќе и гостуваат на екипата на Ираклис. Седум дена подоцна на 14 октомври во Скопје ќе го пречекаат Тарту. Останатите термини ќе бидат прецизирани по комплетирањето на сите групи.

ПретходноПелистер ги доби противниците во Европската лига
СледноАрин Агич, спортски психотерапевт во унгарски прволигаш: Барањето помош не е знак на слабост, туку грижа за себе!