МЗТ Скопје во Кожув ја најде замената за Петков?

436

Актуелниот македонски првак, МЗТ Скопје ќе мора многу да вложи во својот ростер со оглед на тоа дека направи чекор напред и конечно излезе во европски рамки, нешто што требаше и одамна да се практикува. Тимот од Аеродром покрај АБА2-лига, ќе настапува и во ФИБА Евро-Купот.

Во меѓувреме дојде информацијата дека младиот македонски репрезентативец, Марин Петков заминува во НЦАА-лигата, што пак остава празнина на плејмејкерската позиција.

Според нашите информации, раководството на МЗТ Скопје е во преговори со Никола Василевски. Уште еден млад кошаркар, кој минатата сезона настапуваше во Кожув.

Плејмејкерот кој е роден 2003 година играше за КК Промо, од Босна, го носеше дресот на ТФТ, а претходно беше дел од МЗТ Скопје Уни Банка и Академија ФМП.

ПретходноЦените на билетите за финалето на СП пак „скокнаа“: Само најбогатите навивачи ќе го гледаат спектаклот!
СледноХулијан Алварез бесен поради потегот на Атлетико пред финалето на Светското првенство!