Еве колку ќе заработи Словенецот кој ќе го суди финалето!

1076

За Славко Винчиќ моментот кога претседателот на Судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, му го предаде дресот наменет за судијата на финалето беше многу емотивен. Словенецот не успеа да ги скрие солзите, свесен дека добил најголемо можно признание во својата судиска кариера. На стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, ќе му помагаат сонародниците Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ, со кои ќе го сочинуваат судиското трио во борбата за титулата светски шампион.
Освен престиж, финалето ќе му донесе на Винчиќ и значителна финансиска награда. Тој има право на хонорар од околу 60.000 американски долари за судење на решавачкиот натпревар на Светското првенство. Кога на тоа ќе се додадат сите хонорари заработени за време на турнирот, словенечкиот судија би можел да го заврши Светското првенство со вкупна заработка од околу 140.000 долари.
Таа сума вклучува 70.000 долари што ФИФА им ги плаќа на судиите само за учество во првенството, како и дополнителни хонорари за секој суден натпревар – околу 3.000 долари во групната фаза и повеќе од 5.000 долари за натпреварите од нокаут фазата. За Винчиќ, финалето помеѓу Шпанија и Аргентина ќе биде круната на неговата кариера и едно од најголемите почести што може да ги добие еден фудбалски судија.

ПретходноОфицијално: Струга ТЛ се раздели со Марко Анџелети!
СледноКими ја освои пол-позицијата во Спа!