Абдул Руватубаје (29), искусен дефанзивец од Руанда, во следната сезона ќе го носи дресот на Шкендија Арачиново. Има договор меѓу двете страни, се очекува само уште официјална потврда од клубот и секако промоција.
Ова за Руватубаје ќе биде враќање во ПМФЛ, ако се зна дека до пред две години играше за Шкупи и за Брера Струмица.
Секако дека ова е големо засилување за тимот од Арачиново. Сега веќе и дефинитивно може да се каже дека дебитантот во нашата елитна лига не се шегува и во овој летен преоден рок и тоа како се засили.
Неофицијално, Руватубаје нема да биде последното засилување во пресрет на стартот на сезоната во ПМФЛ.















