Официјално: Струга ТЛ се раздели со Марко Анџелети!

152

Очекувано, ако се знае дека во своите редови Струга ТЛ ги има голманите Васко Василев и Андреј Јовчевски. Имено од денеска и официјално Марко Анџелети не е веќе дел од стружани. На обострано задоволство, двете страни се договориле предвреме да ја завршат соработката.

Со меѓусебен договор, Струга Трим Лум и италијанскиот голман Марко Анџелети предвреме ја завршија соработката.
Во текот на изминатата сезона, Анџелети се покажа како најуспешен голман во првенството, држејќи го својот гол недопрен во 15 натпревари од вкупно 29 настапи во Првата лига.
Тој беше еден од најистакнатите во сезоната 2026/27, каде што запиша вкупно 31 настап, вклучувајќи два натпревари во Купот.
Анџелети му се придружи на Струга Трим Лум минатото лето, кога дојде од тимот на ФК Европа од Гибралтар.
Струга Трим Лум му се заблагодарува на Анџелети за неговиот придонес и му посакува многу успех во продолжувањето на кариерата“
велат од Струга ТЛ.

ПретходноПромоција: Манев во Шкендија до 2028!(ФОТО)
СледноЕве колку ќе заработи Словенецот кој ќе го суди финалето!