Во 84. година од животот почина една од најмаркантните фигури во нашата спортска историја – легендарниот кајакар на диви води, Трајан Јовковски. Јовковски беше спортист, спортски работник и горд член на елитниот „Клуб на великаните“ при МОК (од 2000 година), кој имаше блескава кариера како повеќекратен шампион на Македонија и на Југославија, како долгогодишен капитен на репрезентацијата и врвен тренер, кој го трасираше патот на кајакарскиот спорт во нашата земја. Неговите историски достигнувања на светските првенства, кога се вброи меѓу најдобрите во светот, засекогаш ќе останат врежани во златните страници на нашата нација.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на градските гробишта во Бутел периодот од 09:30 до 10:30 часот, каде што пријателите и почитувачите ќе можат да му оддадат последна почит на великанот.




![“Комити“ ќе ги бојкотираат натпреварите на ФК Вардар и порачуваат: Управа ОДИ СИ!!!(ФОТО) Како што и беше најавено, навичите на Вардар – “Комити“ одржаа состанок од кој произлезе дека во наредниот период тие ќе ги бојкотираат натпреварите на нашиот најтрофеен клуб и актуелен шампион, а воедно побараа и заминување на раководството на клубот на чело со Миленко Неделковски. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на “Комити“: “[БОЈКОТ – УПРАВА ОДИ СИ] Групата на отворен состанок донесе одлука за БОЈКОТ на сите натпревари на ФК Вардар а истиот ќе трае се додека Управата на чело со лицето Миленко Неделковски, не поднесе оставка и не си замине од клубот! Оваа одлука е донесена и со претходна консултација и разговори со сите подгрупи, на кои истата е едногласно поддржана! Причините за бојкот се аматеризмот, како и примитивизмот кои владеат во клубот, а кои се директна последица на катастрофалните одлуки кои Управата ги носи на секое поле и поради срамниот однос кон навивачите, кој кулминираше на последниот натпревар кога обезбедувањето на Управата, по наредба на Миленко Неделковски се дрзна и ги нападна децата на групата и клубот, кој претставува последен срамен чин кој нема да се повтори никогаш повеќе, тоа ние ви го гарантираме! Затоа, во понеделник на натпреварот кој ќе се одигра во 19:00 часот на стадионот ФФМ, против екипата на Арсими ќе присуствуваме за последен пат, за да ја покажеме првично нашата солидарност со младите Вардарци и за да изразиме незадоволство и револт против најсрамната Управа во целата историја на ФК Вардар! Собирот ќе започне во 18:15ч на последна 5-ка во Ново Лисиче, од каде во 18:45ч заедно ќе се упатиме кон стадионот. СИТЕ ЗАЕДНО! Уште сега јавно апелираме дека преглед на влезот ќе може да врши само Полицијата и дека нема да дозволиме никој друг да биде присутен. Ако биде присутно обезбедување што ќе се противи на оваа одлука, ќе бидат ВЕДНАШ нападнати од наша страна и затоа апелираме – берете памет! По натпреварот против Арсими, започнува бојкотот и од тогаш фокусот целосно ќе го насочиме кон натпреварите на РК Вардар, за што дополнително ќе известиме! Повикуваме на најголема масовност и полн стадион, сите Комити и Вардарци обединети до целосно ослободување на ФК Вардар!“ велат фановите на Вардар.](https://sportsport.mk/wp-content/uploads/2026/08/komiti-i-igraci-696x385.jpg)





