Познати се можните ривали на Вардар и Шкендија за 3.квалификациско коло во ЛК од скратениот список на УЕФА

1050

Денеска во Нион во 14 часот ќе се одржи ждрепката за третата квалификациска рунда во Лигата на Конференции. По елиминацијата на Силекс на стартот од Динамо Минск, Македонија остана со два претставника и тоа Вардар и Шкендија.

Инаку УЕФА вообичаено утринава на денот на ждрепката го скрати списокот.

Вардар е во „шампионскиот пат“ и ако ја мине Рига во 2.квалификациско коло, тогаш во третата рунда може да се падне со следните ривали…

Интер Ескалдес (Андора) или подобриот од дуелот Атерт Бисен (Луксембург) – ЕТО Ѓер (Унгарија).

No description available.

На Шкендија, која е носител и во ова трето коло и ако успее да го мине Браво од Словенија, во втората рунда, тогаш може да и се падне…

Еден тим од победниците од дуелите Дебрецин (Унгарија) – Пјуник (Ерменија), Паиде (Естонија) – Зире (Азербејџан), Малишева (Косово) – Хибернијан (Шкотска), Хамарби (Шведска) – Андерлехт (Белгија), Стјарнан (Исланд) – Тампере (Финска)

No description available.

Инаку натпреварите од ова 3.квалификациско коло од Лигата на Конференции се закажани за 6 и 13 август.

ПретходноШпански коментатор за Аргентинците:“Тие се свињи и насилници!“
СледноДе ла Фуенте: Многу сум горд, оваа генерација освои сè, тие се пример за Шпанија