Она што беше најавено од СпортСпорт пред два дена, попладнево е официјално. Никола Василевски повторно е во сино – белото јато. Поранешниот младински репрезентативец е нов кошаркар на МЗТ Скопје и се враќа во добро позната средина, во која веќе настапуваше во минатото.
Станува збор за 23-годишен бек, висок 190 сантиметри, кој зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо. Пред пет години беше дел и од вториот тим на МЗТ Скопје – МЗТ Скопје Уни Банка.
Како што велат од таборот на шампионот, со враќањето на Никола продолжува да се гради тимот со квалитетни македонски кошаркари, кои добро го познаваат клупскиот систем и знаат што значи да се носи сино-белиот дрес.










