Англиските медиуми пренесуваат дека денеска, по извесен период борба со карцином, почина фудбалската легенда Кевин Киген.
Некогашниот фудбалер, а потоа и менаџер на многу клубови, а и селектор на Англија, почина во 76. година од животот.
„Со длабока тага ја објавуваме смртта на Кевин Киган. Поранешниот англиски фудбалер и менаџер се бореше со рак, а во последните мигови беше опкружен со сопругата и ќерките. Кевин, кој двапати ја освои наградата „Златна топка“, беше сакан сопруг, татко и дедо. Семејството му се заблагодарува на медицинскиот тим на Кевин за сета поддршка“, соопшти семејството Киген.
Тој за репрезентацијата на Англија своевремено одигра 63 меча и постигна 21 гол.










