Младиот кајакар Смилев победи на трка од Европскиот јуниорски куп

101

Младиот македонски кајакар Кристијан Смилев имаше одличен настап на Европскиот јуниорски куп во Чешке Буѓевице кој се одржа вчера. Во рамките на 14. рунда од натпреварувањето, нашиот најдобар јуниор убедливо го освои првото место, оставајќи го зад себе второпласираниот кајакар со заостанување од дури 5,64 секунди.

Смилев сега продолжува на нови две трки од 15. и 16. рунда на Европскиот јуниорски куп во Руднице над Лабем, кои треба да бидат најважниот дел и од подготовките за настапот на претстојното Европско првенство во Франција, кое ќе се одржи од 5 до 9 август.

ПретходноСе чека само потпис: Модриќ и следната сезона „црвено-црн“
СледноШтип УГД со репрезентативно засилување: Љафтов продолжува во дресот на шампионот