Македонија повторно ќе бара вајлд-карта за Лига на шампиони, но ќе има две места во Европската лига

422

Европската ракометна федерација ја потврди распределбата на местата за машките клупски натпреварувања за сезоната 2027/28. Распределбата се базира на резултатите на клубовите од секоја национална федерација во текот на изминатите три сезони, од 2023/24 до 2025/26.

Шпанија се искачи за едно место и е на врвот на листата во Лигата на шампионите на ЕХФ, Германија е рангирана највисоко во Европската лига, додека Босна и Херцеговина на табелата на Европскиот куп на ЕХФ.

Лига на шампиони на ЕХФ мажи 2027/28
Новиот систем на играње, воведен во сезоната 2026/27, 24-те екипи ќе бидат поделени во шест групи од по четири. Бројот на федерации со фиксно место во натпреварувањето останува непроменет, при што 10 федерации задржуваат по едно место: Шпанија, Германија, Данска, Франција, Унгарија, Полска, Португалија, Романија, Хрватска и Норвешка.

Македонија повторно ќе треба да бара настап за вајлд-карта во ова натпреварување. Нашата земја се наоѓа на 11 место со коефициент 30.67, односно напредуваше само едно место. 

Европска лига за мажи 2027/28

36 екипи од 18 федерации ќе имаат место во ЕХФ Европската лига за мажи со 32 екипи за сезоната 2027/28, но со надградбата на 12 од тие 36 во Лигата на шампионите на ЕХФ, осум места станаа достапни за екипите кои бараат надградби.

Двете први федерации на листата, Германија и Франција, имаат по четири места достапни, а Португалија, Данска и Шведска по три.

Македонија има две директни места, што пак е добра вест. Тука како земја напредувавме за четири позиции и од 14 позиција сега се искачи на 10 позиција со 33.00 коефициент.

ЕХФ Европски Куп за мажи 2027/28

Македонија тука ќе има две загарнтирани места, додека останатите тимови ќе треба да бараат вајлд-карта.

ПретходноЃоревски: Го враќаме европскиот сјај на МЗТ – набрзо ќе ги затвориме и сите наследени долгови!
СледноХаланд донесе одлука за својата иднина