Искусниот Кристијан Стојкоски е нов играч на екипата на Брегалница. Офанзивецот се приклучува на контингентот на новитети кои што летово доаѓаат во Штип како засилувања за претстојната ПМФЛ сезона.
Стојковски последно беше дел од екипата на Тиквеш, а во својата кариера смени доста македонски прволигаши. Од типот на Македонија ЃП, Брера, Шкупи, Работнички,, Тетекс.
Покрај него, во Штип се пресели и искусниот голман Амир Јашар. Јашар е искусен чувар на мрежата кој што има 35 години и кој што во изминатиот период беше дел од Скопје, Башкими, Шкупи, Тетекс, Дрита…















