Секогаш по дождот доаѓа сонце…. Рига тренира на Арената, теренот го „преживеа“ невремето во Скопје (ВИДЕО)

194

Противникот на нашиот шампион Вардар, во рамките од второто квалификациско коло за Конференциската лига, тимот на Рига од Летонија, во моментов го одржува официјалниот тренинг на Арената Тодор Проески, каде што утре со почеток од 20:00 часот стартува првиот дуел.

Летонците во Скопје пристигнаа денеска, ја одржаа официјалната прес конференција, а потоа излегоа на терен. На теренот кој што е во одлична состојба и кој што го „преживеа“ големото невреме кое што го сафати централното градско подрачје на Скопје попладнево.

Самиот тренер на Рига изјави дека свесен е каде дошол неговиот состав, што го очекува, како и тоа дека знае како да му се спротивстави на Вардар на утрешниот меч.

ПретходноКристијан Стојкоски се пресели во Штип
СледноЌе го паметиме по тие историски 0:1 од Тбилиси: Судијата Тејлор замина во пензија!