Ќе го паметиме по тие историски 0:1 од Тбилиси: Судијата Тејлор замина во пензија!

134
ФОТО:.facebook.com/premierleague/

Некои работи остануваат во вечноста како оној натпревар во Тбилиси во ноември 2020 година, кога Македонија испиша историја. Кога во финалето од плеј – офот ја победивме Грузија и се пласиравме на ЕП 2021, а на тој меч главен судија беше Ентони Тејлор. Англичанецот уште неколку пати ни судеше, но остана во меморијата поради тие 0:1 во Тбилиси.

Ова го спомнуваме поради фактот дека Тејлор денеска објави дека заминува во пензија.

47- годишниот Тејлор, ја заврши својата кариера по повеќе од две децении и 831 натпревар. Неговиот последен натпревар беше осминафиналето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Португалија. Тејлор судеше во Премиер лигата 16 сезони, беше главен судија на 432 натпревари од највисоката лига, покрај финалето на Лигата на шампионите во 2024 година помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Судењето на највисоко ниво беше огромна привилегија, но притисокот е интензивен, а контролата е постојана“, рече Тејлор во соопштението.

Сега е време да се повлечам и да се радувам на следното поглавје од мојата кариера.Би сакал да ја изразам мојата најдлабока благодарност до моите двајца асистенти Гери и Адам, моите колеги судии и сите поврзани со играта за целата нивна поддршка во текот на годините. Најважно од сè, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство и пријателите за нивната непоколеблива поддршка во текот на огромните жртви што ги бараше оваа кариера“, додаде тој.

ПретходноСекогаш по дождот доаѓа сонце…. Рига тренира на Арената, теренот го „преживеа“ невремето во Скопје (ВИДЕО)
СледноИсториски момент за Македонија: Елена Мицковска е член на Извршниот одбор на Светската федерација на училишен спорт!