Фил Фоден потпиша нов четиригодишен договор со тимот на Манчестер Сити со што се обврзува на соработка минимум до 2030 година.
Еден од најдобрите англиски фудбалери во псоледната декада имаше договор на уште една година но се одлучи да не чека и да потпише нов со што ја осигурува иднината што се вели.
Иако во последно време тој и немаше статус на првотимец со сигурност, кај Пеп Гвардиола сепак, тој и натаму е еден од лидерите на тимот.
Се поврзуваше со евентуален трансфер во Барселона, Милан или пак Галатасарај но сето тоа е сега минато.










