Познат составот на Вардар против Рига

216

За нешто помалку од еден час на Арената Тодор Проески во Скопје, актуелниот шампион Вардар во рамките од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, ќе се сретне со Рига, претставникот од Летонија.

Тренерот Кристијан Фабијани за овој меч се одлучи за следните единаесет.

На голот секако е Талески, а во последната линија се Јанкулов, Најдовски, Матиќ и Маневски.

Средниот ред го сочинуваат, Николов кој беше под знак прашалник но сепак е тука, Бабунски, Кастањеда, Мигел Пиреш и Гарсон Родригес, а во нападот очекувано е капитенот Азер Омерагиќ.

 

ПретходноКузманоски: Максимално сме подготвени! Групата е најтешка, одиме без страв против сите!
СледноБорозан: Се вратив повторно во Автокоманда, тука и ја почнав кариерата во Македонија!