Невремето не го поштеди ниту спортот: Демолирани терените на Работнички и ТК Ју (ФОТО)

191
Фото: СПОРТСПОРТ

Невремето кое вчера го зафати Скопје остави хаос зад себе и предизвика големи материјални штети низ главниот град. Последиците не го заобиколија ниту спортот, а според информациите и фотографиите со кои располагаме, засега настрадаа помошното игралиште на ФК Работнички и тениските терени на ТК Југ.

На помошниот терен на Работнички, невремето целосно ја уништи оградата, оставајќи зад себе тешка слика за клубот од „Градски Парк“. Во период кога Работнички се соочува со тежок фудбалски момент по преселбата во Втората лига, новите проблеми дополнително ја отежнуваат ситуацијата.

Штетите не го заобиколија ниту тенискиот клуб Југ. Паднати дрвја, оштетена инфраструктура и урната ограда се дел од сликата која денес ја затекнавме.

Спортските објекти се места каде секојдневно се создаваат нови генерации спортисти, па ваквите сцени се навистина тажни. Останува надежта дека штетите наскоро ќе бидат санирани и терените повторно ќе ја добијат својата функција.

ПретходноБорозан: Се вратив повторно во Автокоманда, тука и ја почнав кариерата во Македонија!
СледноЈамал и Халанд испишаа историја по Светското првенство, вредат повеќе од 200 милиони евра!