Борозан: Се вратив повторно во Автокоманда, тука и ја почнав кариерата во Македонија!

286

Алкалоид стартуваше со подготовките за новата сезона. Три имиња се додадена вредност за новата сезона. Дел од тимот од Автокоманда и официјално се Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан.

Искусниот бомбардер Борозан ќе биде вистинско освежување, тој веќе долго време е во Македонија и добро го познава домашниот шампионат.

„Се вратив повторно во Автокоманда, тука и ја почнав кариерата во Македонија. Бев во Металург, во Вардар и Охрид, на ред дојде Алкалоид. По кратки преговори и разговори првенствено со тренерот Кирил Лазаров и со сите луѓе од управата, брзо се договоривме со една заедничка цел, тоа е да освојуваме трофеи заедно. Се што може да се освои, да се освои. Амбициите се високи. Го познавам Алкалоид, го познавам тимот и тренерот, така што мислам дека имаме еден добар тим, кој како додадена вредност не има со Цехте и Сухолежник. Очекувам интересно првенство и европски натпреварувања“, изјави Вуко Борозан на денешната прозивка. 

ПретходноПознат составот на Вардар против Рига
СледноНевремето не го поштеди ниту спортот: Демолирани терените на Работнички и ТК Ју (ФОТО)