Ангеловски: Пелистер е е спој на младост и искуство, но резултатите не смеат да изостанат!

49

Вториот тим на Пелистер стартуваше со подготовките за новата сезона во која ќе биде предводен од Бранислав Ангеловски. Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт.

„Едноставната работа може да биде сложена доколку се експериментира. Ќе дадам сè од себе оваа екипа да го даде својот максимум на тренинзите, а со тоа и на натпреварите. Во ситуација сме на спој на младост и искуство, но резултатите не смеат да бидат во втор план. Единствена желба ми е сите играчи да останат здрави во текот на подготовките и сезоната за да го покажеме тоа што го знаеме. Исто така, сакам што повеќе момци од оваа група млади ракометари да заиграат во првиот тим на Еурофарм Пелистер“, изјави Ангеловски.

Во делот на пријателски мечеви ќе биде вклучен турнирот во Прилеп и меч против младата репрезентација на Иран, но во Скопје.

„Моја беше замислата да останеме во Битола, затоа што сакам овие момци да го почувствуваат градот. Веќе закажавме неколку пријателски натпревари, ќе учествуваме на турнирот во Прилеп, а на крајот од подготовките ќе одиграме натпревар против младата репрезентација на Иран во Скопје“, додаде Ангеловски.

ПретходноМилан Ристовски и официјално во Бајангкара
СледноЛука Бојаџиев и Даријан Тасев и натаму дел од Брегалница