Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш одлучи да ја продолжи кариерата во Манчестер Јунајтед и дефинитивно отфрлајќи ја можноста за заминување од „Олд Трафорд“. Иако продолжувањето на договорот сè уште не е официјално, се очекува португалскиот играч од средниот ред многу наскоро да потпише нов договор со англискиот клуб, кој сигурно ќе биде рекорден.
Според британските медиуми, преговорите меѓу претставниците на играчот и раководството на Јунајтед се во завршна фаза. Новиот договор ќе го направи португалскиот капитен најплатениот играч во клубот, со плата што се очекува да достигне околу 400.000 фунти неделно, или околу 465.000 евра.










