Алексов ја заврши играчката кариера, во новата сезона ќе биде асистент во Штип УГД

51

Некогашниот македонски одбојкарски репрезентативец, Стефан Алексов, и официјално ја завршува играчката кариера и преминува во тренерски води. Како што објави шампионот Штип УГД, Алексов во новата сезона ќе има поинаква улога во шампионскиот тим на Штип УГД, каде е биде асистент на тренерот Кристиан Ристески.

Во својата играчка кариера, Стефан Алексов е носител на повеќе признанија и спортски успеси, меѓу кои:

– Освојувач на Купот на Македонија со ОК Штип УГД – 2024, 2025, 2026 година,

– Освојувач на првенството на Македонија со ОК Штип УГД во сезоната 2025/2026,

– Прогласен за „Спортист на годината на град Штип“ за 2024 година,

– Освојувач на Купот на Македонија и титулата во македонското првенство со OK Струмица во сезоната 2020/21,

– Настапи на медитерански игри, сребрена лига, златна лига и ЕП со репрезентацијата на Македонија.

ПретходноГрупа од Советот на Европа „алармира“ за седум сомнителни натпревари на Мундијалот, ФИФА вели „се е чисто“
СледноПолувреме: Шкендија тргна со водство, но Браво брзо израмни (ВИДЕО)