Интересно прво полувреме во Љубљана со два гола, по еден на двете страни, на дуелот меѓу Браво и Шкендија во рамките на првиот натпревар од 2. квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Нашиот претставник тргна одлично. По само 10 минути игра, тетовци добија удар од белата точка, кој Ендрит Красниќи успеа да го претвори во гол за водство од 0:1.
Сепак, радоста на нашиот тим траеше точно 8 минути. По една конфузија во шеснаесетикот на Шкендија, Браво успеа среќно да дојде до гол за израмнување на 1:1. Стрелец на голот беше 19-годишниот Копатин, кој е прв напаѓач на словенечкиот состав.
До крајот на полувремето не видовме нов гол, но Шкендија сигурно ќе се обиде во второто полувреме да направи добар резултат пред реваншот во Скопје.










