Пелистер вечерва потврди уште еден нов трансфер во очекување на новата сезона во Втората лига.
Битолчани се пофалија со ангажманот на 21-годишното десно крило, Костадин Капсаров. Младиот фудбалер сезоната ја заврши во дресот на Брегалница (Ш) каде дојде од екипата на Беласица.
Капсаров почна во младите категории на Брера, а потоа играше за Беласица и Детонит Јуниор.










