Реал Мадрид ќе игра пријателска против Ференцварош во Будимпешта

50

Тимот на Реал Мадрид одлучи летово да има малку поинакви подготовки од вообичаеното и да смени неколку дестинации. Па така, одлучено е на 8 август да биде во Будимпешта и да одигра пријателски меч против тимот на Ференцварош на еден од најубавите стадиони во Европа.

Неконвенционалниот начин на подготовка на „Кралевите“ е новитет кој што изненади многумина, а и самите пријателски мечеви кои што се закажани на различни страни од Европа.

Предсезонските подготовки на „белите“ вклучуваат вкупно пет потврдени натпревари, од кои првиот се одржа во петок против Алкоркон на стадионот „Ди Стефано“.

  1. Леганес (28 јули, местото ќе биде потврдено)
  2. Фиорентина (1 август, во Клагенфурт, Австрија)
  3. Ференцварош (8 август, во Будимпешта, Унгарија)
  4. Ла Коруња (12 август, за трофеј Тереза ​​Херера во Рија)
ПретходноМиленкоски направи детален план на подготовките, се договараат и неколку контроли
СледноАргентинецот на клупата на Вардар со порака пред првиот меч од новата сезона во ПМФЛ (ФОТО)