Алексовски: Вардар е фаворит но ние ќе пробаме да го изненадиме

137

После две сезони минати во Втората лига, Брегалница се враќа на прволигашката сцена. Штипскиот тим минатата сезона дојде до Првата лига, благодарение на освоеното прво место ранг подоле, и еве ги штипските „сини“ назад во елитната конкуренција.

Ждрепката сакаше првото коло да имаат тешка мисија. Гостуваат кај шампионот Вардар, во обидот да направат големо изненадување против еден од фаворитите за титула и во новата сезона.

И покрај тоа што ја препуштаат фаворитската улога на Вардар, од таборот на штипјани велат дека се подготвени да дадат максимум за добар резултат.

Новото засилување на штипјани, Филип Алексовски ги искажа своите први впечатоци од новиот клуб и очекувањата од денешната средба со Вардар, како и од сезоната.

„Среќен сум што сум дел од овој клуб. Од првиот ден сум одлично прифатен од соиграчите, стручниот штаб и сите во клубот, па тоа многу ми го олесни прилагодувањето. Очекувам да имаме успешна сезона како тим, да бидеме конкурентни на секој натпревар и да ги оствариме целите на клубот. Лично, се чувствувам максимално спремен и подготвен за тимот, ќе дадам максимум на секој тренинг и натпревар за да му помогнам на тимот и се надевам дека ќе постигнам многу голови со кои ќе ги израдувам навивачите. За натпреварот со Вардар знаеме дека нѐ очекува тежок противник, Вардар е фаворит, но верувам во нашиот квалитет и ако го дадеме максимумот, можеме да дојдеме до позитивен резултат на денешното гостување“, изјави Филип Алексовски.

 

ПретходноМилош Тошевски се пресели во Узбекистан
СледноЖФК Скопје 2014 и вторпат загуби без постигнат гол во квалификациите за ЛШ