Петар Цеков со одличен настап на трката на 10 километри на ЕП за младинци

30

Македонскиот пливач на долги патеки, Петар Цеков го заврши настапот на Европското младинско првенство во пливање на отворени води во Сукоро, Унгарија, со одлично 18. место во конкуренција на 37 натпреварувачи во дисциплината 10 километри, која водено е и олимписка дисциплина.

Петар, кој има само 17 години, настапуваше во конкуренција до 19 години, против најдобрите европски маратонци. Трката се одвиваше во исклучително силно темпо, со квалитет кој наликуваше на сениорско Европско првенство.

На стартот беа присутни најсилните европски пливачки сили Унгарија, Италија, Франција, Германија, Русија, Турција, Полска, Финска, Австрија, Чешка, Грција, Словачка, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Кипар и други.

„И покрај тоа што ова беше неговото прво големо Европско првенство во отворени води, Петар покажа зрелост, тактичка дисциплина и борбеност, завршувајќи пред голем број репрезентативци на силни европски држави“, објавија од Националната пливачка федерација.

ПретходноУнгарско ГП: Норис му ја „грабна“ пол-позицијата на Хамилтон
СледноЈубилеј: Шабани со 200 натпревари за Струга ТЛ