Шенгелија го одбра новиот клуб, Барса ќе заработи речиси милион евра

69

Според порталот „Енцестандо“, Торнике Шенгелија го избрал Дубаи и покрај понудите од Олимпијакос и Фенербахче, но и од Партизан.

Дополнително, Барселона ќе заработи 900.000 евра од заминувањето на искусниот кошаркар.

Шенгелија сака да го нападне трофејот од Евролигата, а Дубаи го гледа како тим кој би можел да ги исполни неговите цели. На неговиот избор влијаел и фактот дека тренер на клубот од „Емирати“ е Чави Пасквал, со кого имал добра соработка во Каталонија.

Шенгелија минатата година просечно постигнувал 12,4 поени, 4,6 скока и 2,6 асистенции по натпревар.

ПретходноХамилтон казнет – ќе стартува од петтата позиција