Фабијани: Да се намалат грешките, да играме трпеливо и тактички да бидеме перфектни

58

Актуелниот македонски шампион, тимот на Вардар утре со почеток од 19:00 часот на стадионот Сконто во Рига, против истоимениот противник го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции.

Првиот дуел во Скопје заврши со триумф на тимот од Летонија, со 2:3, па сега нашиот првак има задача да ја анулира таа негатива.

„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот.“, изјави тренерот Кристијан Фабијани.

ПретходноРаководството на ОФМ ги поздравија одбојкарките: Четата е мала, но одбрана, веруваме во вас!
СледноОмерагиќ: Ништо не е готово во овој двомеч со Рига