Омерагиќ: Ништо не е готово во овој двомеч со Рига

84

Екипата на Вардар пред една недела во Скопје не успеа да ги искористи своите шанси, направи грешки во одбраната и за тоа ја плати цената во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Рига.

Конечните 2:3 од Скопје можат само да бидат поука за „црвено – црните“ дека секоја грешка скапо се плаќа и дека тоа не смеат да го направат на утрешниот реванш дуел во Летонија.
Истиот се игра на стадионот Сконто во Рига од 19:00 часот, а предмалку Вардар го одработи официјалниот тренинг пред мечот.

„По натпреварот во Скопје, ни следи реваншот во Рига. Ништо не е готово затоа што ни следи второ полувреме со ривалот. Ќе се бориме на терен, ќе играме за дресот и боите на Вардар, сакаме добро европско издание. Ако функционираме добро тактички и без грешки и ако ги следиме советите на тренерот од тренинзите, можеме до позитивен резултат за нас во Рига“, изјави капитенот Азер Омерагиќ.

ПретходноФабијани: Да се намалат грешките, да играме трпеливо и тактички да бидеме перфектни
СледноСтоле Стоилов ја започна својата мисија со Бутел Скопје