Игор Марковиќ нов селектор на сениорките

64

Ракометната Федерација на Македонија предмалку објави дека Игор Марковиќ е назначен за нов селектор на женската сениорска репрезентација.

Се работи за искусен ракометен страгег од Црна Гора кој што има богато интернационално играчко, а потоа и тренерско искуство. Специјализиран е што се вели во раководењето на женски екипи, и има постигнато одлични резултати на тоа поле.

„Чест и големо задоволство ми е што ја добив довербата да бидам селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија. Се надевам дека со посветена работа, максимална пожртвуваност и заеднички труд ќе успееме од ден на ден да бидеме се подобри. Пред нас е Европското првенство, а претходно не очекува подготвителен период во кој ќе работиме напорно за да изградиме силен тим. Верувам во добра соработка, добро здравје на сите ракометарки и заеднички успеси со кои достојно ќе ја претставуваме Македонија.“ – изјави новиот селектор на женската ракометна репрезентација, Игор Марковиќ.

ПретходноВардар тргнува по нов европски подвиг
СледноОфицијално: Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција