Сериозно лошата ситуција во италијанскиот фудбал, и скандалот со новиот селектор очигледно ќе го решава добро познато лице. Роберто Манчини е решението за „мир во куќа“ што се вели, по огромните проблеми кои се создадоа се (не)поставувањето на Андреа Пирло, и оставките на Паоло Малдини и Леонардо.
Трансфер гуруто Фабрицио Романо објавува дека Манчини е најновото решение на Италијанската Фудбалска Федерација која што се одлучува за човекот кој не успеа да ја одведе Италија на Мундијалот пред четири години по поразот од Македонија во баражот во Палермо.
Претседателот на Федерацијата, Малаго, директно го стопираше поставувањето на Андреа Пирло поради скандалот со „руската конекција“, поради што Малдини и Леонардо си поднесоа оставки.
Во рок од 24 часа, Манчини влетува како очигледно единственото решение кое што во моментов се одлучува да го „изгаси пожарот“.










