Искусниот македонски стратег, Југослав Тренчовски и официјално е нов тренер на екипата на Олимпија.
Легендарниот словенечки клуб се одлучи да го ангажира Тренчовски кој одлично се покажа во изминатиот период во тамошниот шампионат, и токму затоа му е доделена довербата да го води убедливо најголемиот клуб во оваа земја.
Тренчовски потпишува договор „1 плус 1“ и веднаш се зафаќа со работа. Има императив пред себе да го врати тимот на резултатски старите патеки кога беше водечки во шампионатот на Словенија.
СпортСпорт уште вчера ексклузивно го најави ангажманот на Тренчовски кој што еве денеска и се официјализира.










