Поради очајна состојба затворен стадионот на Рајо Ваљекано

143

И тоа се случува во Примера. Една од најголемите фудбалски лиги во светот. Тимот на Рајо Ваљекано се соочува со сериозен проблем, откако локалните власти во Мадрид, го затворија стадионот на клубот, ја прекинаа концесијата која што ја има Рајо врз објектот и донеоа решенија за итно реновирање на истиот.

Причината е очајната состојба на објектот, неисполнувањето на безбедносните мерки и прописи, нефукнционални електрични и противпожарни системи, и несодветно користење на многу од просториите.

Според регионалните власти, клубот систематски ги занемарувал своите обврски за одржување, загрозувајќи ја безбедноста на навивачите. Градежните работи ќе започнат веднаш и се проценува дека ќе траат помеѓу два до шест месеци. Во овој период, Рајо ќе мора да најде алтернативен стадион за домаќинство на натпреварите од Ла Лига. Интервенцијата е дел од поголем проект за целосна модернизација вреден 60 милиони евра, кој вклучува и изградба на целосно нова трибина во текот на следните две години.

ПретходноПопуларна одлука на клубот од Тетово: Шкендија – Браво со бесплатен влез
СледноПотврдено: Манчини се враќа на кормилото на Италија