Тренчовски на промоцијата во Олимпија: Ова е најголемиот клуб во Словенија

110

Попладнево, НК Олимпија и официјално го претстави македонскиот фудбалски стратег, Југослав Тренчовски за свој нов тренер. Најголемиот клуб во Словенија, се одлучи за Трнчовски пред се затоа што струмичанецот имаше одлично минат период во тимот на Радомље, а резултатите таму беа препорака за преселба во Љубљана.

„Ова е голем предизвик за мене, можеби и најголем во мојата тренерска кариера досега. Да се работи во најголемиот клуб во Словенија ќе ти се јави, ќе тргнеш пешки од Македонија. Знам дека овој тим поседува огромен потенцијал, дека секогаш се бори за самиот врв, среќен сум што сум овде и што веднаш ќе почнам со работа. Немам магично стапче за преку ноќ да почнам да правам чудо, но верувам дека ќе успееме да играме брз, доминантен фудбал и дека што поскоро ќе почнеме да постигнуваме многу голови“, изјави Тренчовски на својата промоција во Љубљана.

 

ПретходноМанчини повторно ќе ја спасува Италија
СледноПопуларна одлука на клубот од Тетово: Шкендија – Браво со бесплатен влез