Популарна одлука на клубот од Тетово: Шкендија – Браво со бесплатен влез

259

Реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, помеѓу екипите на Шкендија и Браво од Словенија кој што ќе се одигра в четврток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе биде со бесплатен влез.

Вака одлучи менаџментот на клубот, во насока на што поголема посета на овој меч во овие летни денови.

Шкендија има негатива од првиот меч во кој што поведе но сепак, на крајот загуби со 2:1.

ПретходноТренчовски на промоцијата во Олимпија: Ова е најголемиот клуб во Словенија
СледноПоради очајна состојба затворен стадионот на Рајо Ваљекано