Шкендија оди во следната рунда: Марко Ѓорѓиевски е џокерот за Европа! (ВИДЕО)

634

Новата напаѓачка аквизиција на Шкендија, Марко Ѓорѓиевски е џокерот на Полоѓани кој ги лансираше тетовските „црвено-црни“ во 3. коло од Конференциската лига на УЕФА. Во својот втор настап во дресот на македонскиот вицепрвак, Ѓорѓиевски успеа да погоди во 88. минута, да и донесе водство на Шкендија од 3:1 против словенечки Браво и да ја испрати во следната рунда од третото по ранг европско натпреварување.

Инаку, денешниот реванш во Скопје почна со шокантно водство на гостите од Словенија. Со голот на Стојановиќ во 17. минута Браво дојде до водство од 0:1, но Шкендија многу брзо успеа да воспостави целосна теренска доминација. Израмнувањето дојде во 36. минута, кога Јован си постигна автогол и и донесе радост на тетовската публика на Националната Арена во Скопје.

Во вториот дел гледавме практично игра само на еден гол. Шкендија притискаше, создаваше шанси но постигна само еден гол, оној на Криезиу во 50. минута со кој поведе со 2:1 и ги израмни оние 1:2 негатива од првиот меч.

Во продолжението се редеа шанси пред голот на гостите, но никако да видиме реализација. И потоа влезе џокерот на Положани. Марко Ѓорѓиевски најпрво ја погоди пречката, потоа не успеа да погоди зицер ситуација, но во третиот обид не греши. По одлично уфрлување и вратена топка на втора статива, со небесен скок ја спроведе топката во голот на гостите за 3:1 и пласман на тетовци во следното коло.

 

ПретходноАрбелоа го „украде“ Гонзало Гарсија од Реал и го донесе во Фулам
СледноОфицијално: Стоунс го облече дресот на Интер