Турски репрезентативец е во бегство, со пиштол убил едно лице и ранил четворица!

1193

Сезер Остурк пред десеттина години со Фенербахче освои две шампионски титули, играше за сите младински репрезентации на Турција и стигна до А селекцијата но не заигра. Овој фудбалер за врска е роден во Германија, бил во Баер Леверкузен, но од таму се вратил да игра во турската Суперлига.

Бил уште во Бешикташ, па Башакшехир, на на 30 години се повлекол од фудбалот и продолжил да тренира кик-бокс. А сега е баран поради убиство во Истанбул.

Пред десеттина дена Озтурк заедно со свој пријател влегле во расправија со луѓе од друг автомобил кои не можеле да го претекнат. Некогашниот фудбалер зел пиштол, убил еден од патниците од другиот автомобил, а притоа ранил четири лица.

Се дал во бегство и против него е распишана потерница. Му се губи трага, а според некои медиуми тој побегнал во Германија. Полицијата има доказ дека тој пукал со пиштолот, затоа што случаен минувач го снимал со мобилниот телефон, плус има и снимки од сигурносните камери…

ПретходноДенвер го „врза“ Портер со нов договор вреден 207 милиони долари!
Следно„Со Роналдо заедно трениравме во Јунајтед, сега јас продавам млеко“