Куманово и ТФТ ја почнуваат европската авантура

111

Македонските претставници во квалификациите во ФИБА Еврокупот денеска ја почнуваат својата европска авантура во ова натпреварување.

Први на теренот ќе истрчаат кошаркарите на ТФТ. Тимот од Тафталиџе имаше напорен пат, по само еден одработен тренинг денеска (14:30 часот) ќе ги одмери силите со Натуртекс Сегед во Краснојарск. Доколку го добие овој дуел го чека средба со Меди Бајројт од Германија. Во групата Ц уште се Енисеј и Хапоел Хаифа.

Куманово пак игра подоцна, базата на овој тим е Гронинген. На дебито на европска сцена ќе игра против встрискиот Гмунден, дуелот е закажан со почеток во 19:30 часот. Триумф од оваа средба ги носи во полуфиналето против домаќинот на турнирот Гронинген.

Во групата на Куманово се наоѓаат Бенфика и Волунтари, па доколку македонскиот клуб стигне до финалето за влез во групната фаза би играл со еден од овие противници.

ПретходноБез Чолаковски и Божиновски, но со Тошевски за октомвриските квалификации
СледноПо седум години ЛШ се враќа на „Сан Сиро“