Нова “бомба“ од Истанбул:Де Брујне пред трансфер во Галатасарај?!

66
ФОТО: Belgian Red Devils/FB

Се чини дека фудбалска Турција станува мека за ветераните кои сеуште се ѕвезди во светот на фудбалот. Ако со денови се шпекулира во кој клуб ќе потпише Мохамед Салах, најново е тоа што Кевин Де Брујне се поврзува со трансфер во Галатасарај.

Имено турскиот гигант наводно подготвува понуда за Кевин Де Брујне, кој е сè повеќе незадоволен од својот статус во Наполи. Белгискиот репрезентативец пристигна во Италија од Манчестер Сити како слободен агент, но првата сезона на стадионот „Диего Армандо Марадона“ му беше тешка, пишува Goal.com.
Турскиот клуб подготвува финансиски дарежлива понуда за да го доведе Де Брујне од Наполи во овој преоден рок. Експертот за трансфери Екрем Конур наведува дека Галатасарај се надева дека незадоволството на 35-годишниот играч од спортската политика на Наполи би можело да го олесни неговиот трансфер во Истанбул.

ПретходноТака прават големите клубови: Шкендија со чартер лет ќе патува во Шкотска!
СледноСтруга ТЛ има нов бисер: Агон Демири со 16 години и 6 дена дебитираше за првиот тим!