Младата репрезентација на Македонија се соочи со проблеми затоа што отпаднаа двајца фудбалери од составот на Драган Канатларовски за октомвриските квалификациски средби за ЕП. „Австралијците“ Стефан Чолаковски и Метју Божиновски нема да можат да помогнат затоа што се во карантин во Австралија. Напаѓачот на Мелбурн Сити и дефанзивецот на Мелбурн Виктори кои ги одиграа претходните два квалификациски натпревари против Франција и Србија.
Но затоа се враќа Давид Тошевски кој неодамна со смени Ростов со Горњик Забже и почна да погодува во полската лига. Екс-фудбалерот на Работнички има 5 настапи за У21.
Канатларовски денеска ќе го објави списокот за претстојните дуели.
Младата македонска репрезентација во октомври ќе игра со Фарски Острови (7 октомври) и Ерменија (12 октомври) и двата меча се во гости. По две кола Македонија има еден освоен бод по она реми со Србија во Охрид.