Македонсиот репрезентативец Љупче Дориев имаше уште еден брилијантен настап во дресот на екипата на Согдиана. Во меч од 15. коло на узбекистанската Суперлига, екипата на Согдиана славеше со 3:1 на гостување кај Машал, а Дориев „експлодираше“ постигнувајќи хет-трик.
Првиот гол Дориев го постигна во 5. минута за водство на Согдиана од 0:1. На стартот на второто полувреме, Согдиана доби пенал, а Дориев го претвори во водство од 0:2. Со третиот гол во 60. минута Дориев ја потврди убедливата победа на својот тим.
Иако Согдиана не котира добро на табелата во Узбекистан (13. место), Дориев е убедливо најдобриот стрелец во лигата со 11 гола.










