Одбојкарите на Полска ја одбранија титулата во Лигата на Нации откако вечерва со резултат 3:2 ја совладаа репрезентацијата на САД. Ова е трета титула за полската репрезентација во Лигата на Нации, откако полјаците беа најдобри во 2022 и 2025 година.
Во овогодинешното финале, двете репрезентации ни пружија фантастичен меч исполнет со многу драма и пресврти. Американците играа одлично и доминираа на теренот, што доведе до нивно водство од 2:1 во сетови. Кога сите мислеа дека САД ќе ја прекине полската доминација, полјаците одиграа фантастични два сета и успеаја да стигнат до целосен пресврт и победа.
За Полска, најефикасни беа Семењук и Леон со 17 и 15 поени, а кај американците најдобар беше Џејк Хејнс со 21 поен.










