Стефан Ашковски ќе игра во Индонезија

99

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски својата кариера и официјално ја продолжи на Индонезија. Левиот бек ќе игра во тимот на ПСС Слеман, нов член на најсилната фудбалска конкуренција во оваа земја.

Со тоа, се решава уште една дилема на македонската фудбалска сцена летово, затоа што Ашковски беше еден од последните наши интернационалци кои што до денеска немаше ангажман.

Ашковски е веќе сериозно искусен играч со полни 34. години и има огромно интернационално искуство со играње во многу земји.

За репрезентацијата на Македонија досега настапи на четириесет натпревари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PSS Sleman (@pssleman)

ПретходноПа и не е така лошо да си дел од Лајпциг…. Елмас ужива на подготовките со Ред Бул (ВИДЕО)
СледноАлбан Таипи се пресели во Црна Гора