Баерн се откажа дефинитивно од четворица свои досегашни членови

88

Со оглед на фактот што четири имиња на фудбалери се избришани од официјалната веб страница на тимот на Баерн Минхен тоа дефинитивно значи дека „Баварците“ од овој момент повеќе не сметаат на нивните услуги.

Тоа се Жоао Палиња, кој што беше платен десетици милиони евра, а си заминува на мала врата, потоа, французинот Сача Боеј, шпанецот Брајан Зарагоса кој што се врати од позајмицата од Рома, но не останува во Минхен, и конечно, Армандо Зиеб кој што беше на позајмица во Маинц, но и тој ќе мора да си бара нова средина.

За сите овие Баерн ги затвора вратите, а реално ниту еден од нив немаше преголема улога во екипата изминатиот период.

 

ПретходноИнфантино во проблеми: Го моли Трамп да го “спаси“, ама претседателот на САД не му одговара на повиците!
СледноТФТ се пофали со Тејшон Комер!(ФОТО)