ТФТ се пофали со Тејшон Комер!(ФОТО)

69
ФОТО:.facebook.com/TFTbasketballTEAM/

Од денеска и официјално екипата на ТФТ е посилна за Тејшон Комер. Раководството на еден од нашите најдобри клубови потврди дека Американецот е нивни нов член.

Според ТФТ, Комер е динамичен бек кој носи цврстина, лидерски квалитети и вистински натпреварувачки дух. Комер има одличен преглед на играта, игра во високо темпо и знае како да го контролира натпреварот. Зад себе има значајно искуство, а во ТФТ веруваат дека неговата енергија и квалитет ќе бидат огромно засилување за бековската линија.

Комер оваа сезона се истакна како еден од најдобрите кошаркари на Универзитетот Невада, завршувајќи како трет стрелец на тимот со просек од 12,5 поени по натпревар, прв по асистенции со 3,7 по натпревар и четврти по украдени топки (20).

ПретходноБаерн се откажа дефинитивно од четворица свои досегашни членови
СледноХендерсон и официјално во Челзи!