Двајца од повредените се враќаат во тимот на Хиберниан за дуелот со Шкендија

86
Фото: ФБ Хиберниан

Првенствениот домашен пораз од Мадервил (1:2), во саботата донесе многу грижи во составот на Хиберниан пред дуелот со Шкендија во четврток во првиот меч од третото квалификациски коло од Конференциската лига. Како алиби за неуспехот од таборот на „зелените“ го посочија токму проблемот со многуте повредени играчи кои ги има екипата, а кои не играа изминатите неколку средби.

Според најавите од Единбург, шкотскиот тим за пресметката со Шкендија ќе може да смета на дуото Џејми Мекграт и Калум Рајт. Двајцата кои играат во средниот ред се на списокот на фудбалери кои конкурираат за дуелот, кој е за два дена со екипата од Македонија, но не играа на минатите два дуели со Малишева и со Мадервил во шампионатот.

„Двајцата се трудат и работат напорно секој ден. Сакаат да бидат дел од тимот за дуелите кои следат. Треба само да се осигураме дека тоа е правилна одлука и дека тие се во потребната форма…“, напомена тренерот Давид Греј за статусот на фудбалерите кои ги нема во тимот а се едни од најдобрите но сепак има проблем околу тоа кој да игра на позицијата „10“.

Сепак за дуелот со Шкендија, мали се шансите за Хиберниан да настапи искусниот дефанзивен играч за врска Џо Њуел. Англичанецот кој го носи дресот на Хибераниан веќе неколку сезони има повреда на тетивата која ја заработи на дуелот со Малишева на Косово. Во аут со сигурност се: Ники Каден (повреда на листот), Роки Бушири (долго е повреден), Аласана Менах (не е во плановите на тренерот).

ПретходноМарко Мишевски е нов член на Сисак
СледноШто значи денешната победа за Македонија и самиот пласман во Топ16?