Досегашниот голман на штипска Брегалница, Никола Филевски и натаму ќе брани за овој клуб. Добрата форма во изминатиот период на чуварот на мрежата е и повеќе од доволен повод, менаџментот на Брегалница да му додели нов договор на Филевски и соработката на обострано задоволство да продолжи.
Тој во изминатиот период имаше добра минутажа, имаше голем удел во пласманот на тимот во прволигашката конкуренција, а сега е време што се вели за нови предизвици.















